Во Њујорк расте бројот на заболени со нов вид на корона, сличен на јужноафриканскиот и бразилскиот

од Stefanija Kuzmanovska
364 прегледи

Американски истражувачи од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија соопштија дека новиот вид на коронавирус кој има сличности со попреносливата мутација откриена во Јужна Африка е во пораст во Њујорк, пренесува „Ројтерс“.

Агенцијата наведува дека новиот вид, познат како Б.1.526, за првпат бил идентификуван во примероците собрани во Њујорк во ноември, според извештајот на научниците, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 отсто од сите случаи.

„Ројтерс“ пренесува дека студијата открила дека видот Б.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со видот Б.1.351 идентификуван во Јужна Африка и П.1, кој за првпат е потврден во Бразил и кои се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на коронавирус.

Студиите исто така покажаа дека неодамна откриените вакцини против ковид 19 се веројатно ефикасни против вирусот и од развојот на сериозни болести, дури и кај инфекции со новите видови, а производителите рапидно работат на развој на подобрени вакцини за борба против новите мутации, наведе агенцијата.

Слични содржини