Претседателот на САД, Доналд Трамп, според анкетата спроведена од денот на средбата со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, до вчера, заслужува доверба, сметаат мнозинство од анкетираните граѓани.
Во анкетата спроведена од 15 август, петок, до 17 август, недела, довербата во Трамп се искачи над половина (54%), покажуваат резулатите на агенцијата за истражување на јавното мислење „Инсајдер адвантиџ“.
Негативно мислење за првиот човек на САД имаат 44% од испитаниците, додека 2% се неодлучни.
Според анкетата, Трамп е во водство меѓу сите возрасни групи, освен кај најстарите гласачи.
„Тој ги подобри своите бројки меѓу Афроамериканците и Латиноамериканците. Белите гласачи се на речиси рекордни 64 проценти. Гласачите под 65 години сега во голема мера го одобруваат неговото работење… Генерално, поддршката на Трамп расте по средбата со рускиот претседател“, се вели во анкетата.