Во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид, денеска во Охридското Езеро се одржува 46. Илинденски пливачки маратон.
Стартот на маратонот е на плажата Горица, а ќе се плива до градот Охрид, односно на кејот пред хотелот „Ривиера“.
Патеката е долга 2,5 км, а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот.
Првиот старт беше во 10 часот, а вториот во 11 часот.