Во оваа балканска земја строги рестриктивни мерки за новогодишната ноќ

од Stefanija Kuzmanovska

Рестрективните мерки во Грција, вклучително и полицискиот час, ќе започнат да се применуваат вечерва, одлучија министрите денес на седницата на грчката влада.

Планот ќе биде сличен на оној усвоен на Божиќ, особено за време на часовите пред влегувањето во 2021 година, така што полицискиот час ќе биде на сила, пренесе агенцијата АНА.

Полицијата ќе биде распоредена низ целата земја и ќе има увид на теренот, кој ќе следи дали некој ги крши ограничувачките мерки за собири.

Слични содржини