Во Париз одбележана четиригодишнината од нападите на ИД

од Aleksandar Petrovski
242 прегледи

Во Франција денеска се одбележува четиригодишнината од нападите на Исламска држава во Париз, во кои загинаа вкупно 131 лице, а над 350 беа повредени.

Нападите беа извршени на Националниот стадион, концертната сала Батаклан и врз кафулиња и ресторани во центарот на Париз. Деветте напаѓачи се идентификувани како француски борци на ИД. Во моментот околу 500 луѓе се во затвор под обвинение за тероризам.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги потсети граѓаните на ветувањето дека „ќе останат обединети засекогаш за да не им дозволат да победат“

– Да се потсетиме на ветувањето што си го дадовме: Да останеме обединети така што никогаш нема да дозволиме да победат оние што го сториле ова. Денеска да се потсетиме на 13 ноември и неговите жртви, напиша Макрон на Твитер.

Истрагата за нападите е завршена, а судскиот процес најверојатно ќе почне во 2021 година. Вкупно се обвинети 14 лица, од кои 11 се во затвор. Меѓу нив, Салах Абдеслам, единствениот преживеан член на трите активни џихадистички групи кои го изведоа нападот вечерта на 13 ноември, кој се брани со молчење.

Слични содржини