Во петкратното убиство во Австрија, убиен млад хокеар, убиецот признал сѐ

од desk2
418 прегледи

Страшно злосторство вчера ја потресе Австрија: 25-годишен маж во раните утрински часови ја уби неговата 19-годишна поранешна девојка, нејзиниот нов дечко (24) и тројца членови на нејзиното семејство.

Убиецот сам се предал на полицијата со зборовите: „Само што убив пет лица“.

Денеска беа објавени детали за трагедијата што се случи во местото Кицбухел во Тирол, Австрија.

Според австрискиот портал Rosenheim24.de, инспекторите направиле реконструкција на петкратното убиство и настаните што му претходеле. Реконструкцијата се темели на изјавата на извршителот на масакрот.

Тој затропал на вратата на семејниот дом на неговата поранешна девојка во 4 часот утрото. Отворил 59-годишниот татко на девојката и му рекол дека нема што да бара кај нив.

Потоа убиецот се вратил дома и го зел пиштолот на брат му кој во моментот бил надвор од земјата, а го поседувал оружјето со дозвола.

25-годишниот маж, идентификуван како Андреас Е., се вратил во куќата на поранешната девојка, идентификувана како Надин.

Во 6 часот утрото почнал масакрот.

Повторно отворил таткото на Надин, кого Андреас го застрелал на вратата, а потоа пукал во нејзината 51-годишна мајка. Потоа го убил и братот на девојката.

19-годишната девојка била заклучена во нејзината соба на првиот кат. Андреас се качил горе преку балконот, ја скршил балконската врата со бејзбол палка и ја убил поранешната девојка и нејзиниот нов дечко со кој била во кревет.

Новиот дечко е идентификуван како младата хокеарска ѕвезда Флоријан Јани од локалниот клуб Адлер.

Според информациите на Rosenheim24.de, на убиствата им претходела расправија меѓу двајцата поранешни партнери во еден ресторан. Надин му раскинала на Андреас пред два месеци.

Љубомората најверојатно била повод за убиствениот поход на Андреас.

Австриските медиуми објавија дека Андреас претходно не бил проблематичен и не бил осудуван, но имал неколку помали прекршоци.

Во Китцбухел денес се кренати црни знамиња во знак на жалост за семејната трагедија.

Слични содржини