Во полициска акција во Гајре застрелано лице осомничено за убиство

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Во полициска акција во тетовското село Гајре синоќа е застрелан 41-годишниот Л.М. кој бил баран со потерница, откако не постапил по дадените наредби на полициските службеници и репетирал и вперил автоматска пушка кон нив, потврди Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти МВР, синоќа околу 2 часот, полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 5 јули годинава, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето.

-По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници. Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми. Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош, наведува МВР во соопштение.

Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција.

Слични содржини