Во полошкиот регион за еден месец откриени 120 дилери на наркотици

од desk2
75 прегледи

Во акциите на полицијата во септември од слобода биле лишени 120 лица кои биле вклучени во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од СВР Тетово.


Овој исход е дел од активностите на СВР Тетово за откривање и санкционирање на лица кои се инволвирани во овие незаконски дејства.
Најголемиот број од нив (92) лишени се на тетовското, а 28 на гостиварското подрачје.
– Претежно станува збор за машки лица на возраст од 15 до 45 години, кои не се само од Тетово и Гостивар, туку и од повеќе села. Кај нив е пронајдена, фотодокументирана и одземена е марихуана, кокаин, хероин, хашиш и екстази. По целосно документирање на случаите против лицата се поднесуваат соодветни кривични пријави, наведуваат од СВР Тетово.