Во понеделник кај Џафери ќе се договара „образец“ за употреба на името на државата

од desk4

Во понеделник кај спикерот Талат Џафери на координација ќе се договора „образец“ според кој амандманите, предлог – законите и други пратенички или граѓански иницијативи, нема да се отфрлаат како „неуредни“. поради името на државата. Ваквата вест денеска На Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на која точка на дневен ред беше Предлог – законот за лични карти, ја соопшти пратеникот на Левица, Димитар Апасиев. На средбата ќе бидат присутни и двајцата претеници на Левица, иако поради нивнит број немаат претеничка група.

– Досега пратениците на Левица и на ВМРО-ДПМНЕ и другите коалцииски партнери, ги поднесуваа амандманите и сите дописи до кабинетот на спикерот со „С. Македонија“. Од некни, или, пак „од кога ќе му текне“, спикерот го смени ставот и не ги прима амандманите со Република С. Македонија, (како што тоа го прави веќе една година). „С. Македонија“ е јазички и граматички точна одредници, затоа што нашиот јазик познава кратенки. На пример, била Социјалистичка Република Македонија (СРМ) сега е Република Северна Македонија (РСМ). Бидејќи настанува конфликт на раб на инцидент, со спикерот се договоривме да има координација за да воспоставиме образец за понатамошно делување. Воедначените правила ќе бидат за во иднина, ние како пратеници од опозицијата да знаеме зошто ни се враќаат амандманите. Вака не е во ред да бидат вратени само со назнака „неуредни“, без да знаеме зошто. Можеби ќе смениме стратегија, или ќе се договориме за некој поинаков начин според кој спикерот ќе ги прима доставите од опозицијата, рече Апасиев.

Тој посочи дека од Утврдено 1 800 амандмани, нешто помалу од 700 амандмани поднесени од пратеникот Борислав Крмов биле уредни, но дека сепак биле отфрлени од Џафери.
Според пратеничката Гордана Силјановска Давкова, спикерот треба да се конкретизира – во што се состои неруденоста.

-Се изморивме од византиски игри и од правни толкувања на луѓе кои немаат ништо заедничко со правото. Сите знаеме дека „неуредно“ не значи ништо во правото, ако не ми наведе точно, што е, како е? Треба да ми остави дури и рок во кој треба да интервенрам, се е друго дискреција на еден човек. Кога ќе поднесете поднесок до било која институција, ако има некој проблем во уредноста, веднаш ќе ве повикаат да го отстраните проблемот. Тоа важи и за Г. Талат Џафери. Кога се цени уредност/неуредност во било кој акт, во правото се гледа – дали причината за уредноста/неуредноста, може да е од таков карактер што ќе доведе до невозможност да се процесуира. Ние сме сите во Собрание, знаеме како се вика Собранието, значи апсолутно, моето право на самоопределување не е само колективно туку е и лично и јас можам да напишам акроним. Зошто? – Бидејќи јасно е дека акронимот нема да доведе до забуна, дека амандманот не се однесува на оваа Комисија и на оваа институција, туку на нешто друго, рече Силјановска Давкова.

Според Снежана Ванчева Калевска од СДСМ претседателот на Собранието не прекршил ниту една од процедурите.

-Ако читаме и цитираме одредби од Деловникот тогаш да бидеме конзистентни и целосни во информациите. Во членот 60 каде што се надлежностите на претседателот на собранието, став 1, алинеа 5 пишува,

– „…Ја испитува уредноста на предлог за покренвуање на граѓанска иницијатива, за донсеување на закон, за распишување на референдум на државно ниво и за пристапување на измена кон Уставот, се грижи за усогласеноста на активностите на Собранието со претседателот на Републиката и на Владата и соработува со координаторите на пратеничките групи и ја следи работата на службата на Собранието, се грижи за унапредување и за создавање услови за нејзино ефикасно работење, и на крајот врши други работи утврдени со Устав, закон и со овој Деловник.
Како што претседателот на Собранието има право кога ќе биде доставен предлог – закон во Собранието,да го врати законот на предлагачот ако смета дека не е уреден, така по истиот апсолтно го има тоа право. Дали има недоследности во Деловникот? Можеби тој не е доволно јасен и прецизен и ни треба некое доуредување, тоа е нешто сосема друго, и тоа е дел кој треба да го оставиме за процесот Жан Моне. Во овој момент имаме Деловник и имаме целосна пракса од 30 години каде што секој претседател на Собранието го имал тоа право, Дали лично нас ни се допаѓа или, не, тоа е друга работа, рече Ванчева Калевска.

Претседателката на Комисијата Соња Мираковска од НСДП рече дека Законот за лични карти мора да се донесе за да можат и граѓаните да ги добијат своите лични карти.

-Измените се во членот 5, се менуваат ставовите пет и шест и гласат „…На граѓаните кои зборуваат на јазик различен од макеоднскиот јазик, што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо по службена должност образецот на личната карта се печати и податоците во него се запишуваат и на јазикот и на писмото што го зборуваат најмалку 20% од граѓантие и неговото писмо.

На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20% од граѓаните на СРМ, образецот од личната карта се печати и на јазикот и писмото што го употребува граѓанинот. По став 6 се додава нов став 7 кој гласи „На граѓаните кои зборуваат јазик различен од македонскиот јазик што го зборуваат помалку од 20 % од граѓантие на РСМ на нивно лично барање податоците за лично име што се внесуваат на личната карта се запишуваат и на јазикот и на писмото што го употребува граѓанинот“, рече Мираковска.

Мираковска ја одложи Комисијата за во понеделнк, веднаш после координацијата кај спикерот Џафери.

Б.Т.

Слични содржини