Во пожар целосно изгоре објект на тетовско Кале

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Во пожар целосно изгоре објект на ридот Балтепе во викенд населбата во близина на тврдината. Објектот е сопственост на Жарко Ананчевски.

„Ми јавија дека гори, па јавив на пожарна. Пожарната брзо дојде. Кога дојдов овде беше скоро изгорено. Се работи за викендичка, но јас повеќе живеам овде, преку летото чувам и добиток. На горниот дел имав 200 бали сено и повече и чекав пролет да дојде. Овде сум 90 посто од времето, се случи кога не бев. Објектот е направен во 1990-ти, јас сум од селото овде од Лавце,овде ме влече прв дом овде, втор дом во Тетово, се надевам дека ќе се обнови, ако општина поможе. Невозможно е да се влезе сега, не па да се живее“, изјави Ананчевски.

Од ТППЕ Тетово информираа дека пожарот е пријавен во 9:05, а изгаснат во 11:35 часот. Интервенирале четири екипи со камиони и со 12 пожарникари.

Слични содржини