Во пожари во делчевско и штипско изгореа шума и објект на ФК „Три чешми“

од desk2
110 прегледи

Во вторникот пријавени се два пожари во источниот дел од змејава, при што во едниот изгореа 60-тина декари борова шума, а во вторниот опожарен е објект на ФК „Три чешми“.

Имено, во втоникот, околу 11.00 часот кај место викано „Цветков чукар“ во с.Нов Истевник, делчевско, избувнал пожар, при што горела нискостеблеста дабова и борова шума. На местото излегле екипи од Територијалната противпожарна единица Делчево и Шумското стопанство „Голак“-Делчево и во 15.20 часот пожарот бил изгаснат. Со пожарот биле опожарени околу 50-60 декари борова и дабова шума. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево и инспектори од Дирекцијата за заштита и спасување.

Истиот ден, околу 13 часот во Полициската станица Штип, вработен во Територијалната противпожарна единица Штип пријавил дека дошло до палење на нискостеблеста трева до објект на ФК „Три Чешми“-Штип, при што објектот бил целосно опожарен.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип, увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.