Во преговорите ништо ново!

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 И синоќа  партиските преговарачи ја напуштија резиденцијата на американскиот амбасадор на Водно. Договор- нема, или со други зборови нема ништо ново. Главните преговарачи Радмила, Груби , Никола и Имери, ја оддржуваат кондицијата во застапување на партиските ставови

bejli-nova_0[1]

Амбасадорот на САД Џес Бејли во чија резиденција  се одвиваа преговорите, изјави дека очекува решение за кризата да биде постигнато до крајот на оваа недела.

– Вечерва не можам да ви кажам дека имаме договор. Можам да ви кажам дека имаме интересни нови идеи на маса. Слично како и мјинатиот петок, овој договор е многу важен за дежавата, за ЕУ и за САД. И затоа ние сакаме да ги согледаме сите можности за да бидеме сигурни дека ќе најдеме начин за придвижување напред. Затоа ги земаме предвид овие идеи, ги разгледуваме, и ќе продолжиме утре, изјави Бејли

И тој како и Орав најавува оптимизам, но нема финале, во овој тим преговарачи и ваков пакет. Стануваат ирелевантни и темите за кои се спорат, бидејќи ако не бидат тие власта ќе измисли некои други сопки и пак ке се купува време. Јасно е дека ВМРО ДПМНЕ не се одлепува од крајната цел избори не сега туку во март , односно потоа лепење со локални избори и враќање колку толку на загубениот рејтинг, а СДСМ неможе да се одлепи од примерноста и послушноста кон  странците. Притискаат и „шарените ‘ но трпеливоста на  граѓните  и покрај одморските ладења е сосема на крај. Сепак на кондиција паѓаат  сите а најмногу ЕУ и странците кои на крајот на денот ќе поддржат каков таков договор за да се фокусираат на сопстевините маки со Брегзит и новите …егзити, со  порастот на теророт што на Ердоган што на Исламска држава, и разулавените и новоразбудени џихадисти , кои се почесто ја растресуваат Европа.

Немањето концепти и храброст за уште еден чекор напред  , глумењето решенија и преговори на крајот сите ќе не  удри по глава. Тоа е се повеќе можен крај и епилог по  преговарачката сапуница  и  парада, со амин на странците, најлошото по изгубеното време и покажаната упорност, убиственото за подемот на пркосењето пред моќта на власта  и несекојдневниот порив  за вистински граќански промени rezidencija

И покрај сиот оптимизам , кој сега само ја смени локацијата од  дворот на ЕУ во дворот на САД, ако во текот на неделава партиите не постигнат договор за минималниот пакет услови за фер-избори, пропаѓа можноста тие да се одржат до крајот на ноември или почетокот на декември. Се друго е само вмровскиот концепт за влечење и одлагање, се до спојување со локалните избори,  каде ќе се продаваат кружните текови, патчиња и асвалтирани сокачиња , канализација и по некој трактор за послушните , повторно субвенционеран од  државата, или партијата како сакате , ама тоа во оваа време ти е едно исто- нешто слично како Никола и по никола, Никола!

Ад

Слични содржини