Во пресрет на погребот, кралицата Елизабета објави емотивна фотографија со принцот Филип (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во пресрет на погребот на принцот Филип, британската кралица Елизабета Втора сподели со јавноста една од нејзините омилени фотографии со нејзиниот сопруг, со кого беше во брак 73 години.

На фотографијата се гледа како кралскиот пар се одмара на трева во природата на Абердиншир во 2003 година, пренесува Би-Би-Си.

На таа фотографија направена еден сончев ден, кралицата и принцот Филип изгледаат потполно опуштено и топло се насмевнуваат на својата снаа Софија која ги фотографирала.

Да потсетиме, принцот Филип ќе биде погребан денес, а поради мерките против коронавирусот, на погребот ќе присуствуваат само триесет лица од првично планираните 800.

loading...

Слични содржини