134
Два нови случаи на заразени со Ковид 19 се евидентирани денеска во Прилеп, а 12 пациенти се излекувани од оваа заразна болест, информираат од локалната самоуправа. Со ова, во Прилеп досега вкупно се регистрирани 178 заболени лица. Од нив 120 се оздравени, а во моментов има 58 активни случаи. Како последица на коронавирусот, починале 11 лица.
На Инфективното одделение прилепската болница се хоспитализирани 15 лица, од кои 10 се позитивни на коронавирус, додека петмина пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца им е земен брис и се чекаат резултати
Во самоизолација се наоѓаат 234 лица.
За време на викендот, се забележани шест нарушувања на полицискиот час.