Во Прилеп евидентирани четири нови случаи на Ковид 19

од Берта Китинска
183 прегледи

Во Прилеп денеска се евидентирани четири нови случаи на заразени од коронавурисот, а две лица се оздравени.

На Инфективното одделение во градската болница во Прилеп се хоспитализирани 21 лице, од кои 16 се позитивни на коронавирусот.

– Двајца пациенти се наоѓаат на кислородна поддршка, а поради потешката клиничка слика, еден пациент ќе биде испратен на лекување во Клиничката болница во Скопје. Во делот за изолација се наоѓаат 5 пациенти. Од нив, двајца се негативни на коронавирусот, а на тројца земен им е брис и се чекаат резултати, информираат од Инфективното одделение.

Во Прилеп во самоизолација се наоѓаат 160 лица. Во изминатото деноноќие не се забележани нарушувања на полицискиот час.

Слични содржини