Во продажба првиот автомобил на Hyundai со соларен кров

од desk2
224 прегледи

Минатата есен Hyundai ги откри плановите за опрема на новите автомобили со кров од соларни плочи. За помалку од година дена од најавата, во Јужна Кореја во продажба се најде првиот модел. Кровот на новиот Hyundai хибрид може да овозможи полнење на батерии меѓу 30 и 60 проценти.

Станува збор за New Sonata Hybrid, автомобил со технологија која ќе ја подобри ефикасноста на горивата и ќе ја намали емисијата на CO2.

Hyundai верува дека соларниот кров секојдневно може да наполни меѓу 30 до 60 проценти од капацитетот на батеријата со сончева енергија, а со 6 часа полнење би можел теоретски да го зголеми дометот на автомобили за 1.300 километри годишно.

Иако ова не е некој голем напредок сепак укажува дека соларните кровови имаат голем потенцијал во подобрување на енергетската ефикасност на електричните автомобили и хибриди, како и дека таквата технологија нема да биде ограничена само на луксузни брендови на автомобили и експериментални возила.

По освојување на корејскиот пазар, новиот Hyundai ќе пристигне и на американскиот пазар, а компанијата засега нема планови за проширување во Европа.

Слични содржини