356
Скијачката легенда Линдзи Вон ја заврши својата блескава кариера, а сите убави и лоши моменти се собрани во филмот „Последна сезона“.
Ова е филм за нејзините живот и кариера, а неодамна имаше и премиера на Беверли Хилс, на која присуствуваа избрани личности од спортскиот и холивудскиот џет-сет.
Линдзи се појави во проѕирен фустан во боја на кожата, а никој не можеше да остане рамнодушен на нејзиниот прекрасен изглед.
Во текот на својата кариера оствари 82 победи во Светскиот куп, со што е прогласена за најуспешна скијачка на сите времиња.