Во првата недела од 2022 година во Европа регистрирани НАД 7 МИЛИОНИ СЛУЧАИ НА КОВИД

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Светската здравствена организација денеска соопшти дека постоечките вакцини против коронавирус можеби ќе треба да се прилагодат за да се обезбеди ефикасност против новите соеви на вирусот, како што е „омикрон“.

„Составот на постојните вакцини против Ковид-19 можеби ќе треба да се прилагоди за да се осигура дека вакцините ќе продолжат да обезбедуваат нивоа на заштита од инфекции и болести, вклучувајќи го „омикрон“ и сите други видови“, се вели во соопштението.

Претходно денеска директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге изјави дека повеќе од половина од населението во Европа ќе биде заразено со „омикрон“ сојот на коронавирусот во следните шест до осум недели.

Тој исто така рече дека сојот е регистриран во 50 од 53 земји во Европа и Централна Азија и дека брзо станал доминантен во Западна Европа и сега се шири на Западен Балкан.

– Во Европа во првата недела од 2022 година се регистрирани повеќе од седум милиони новопријавени случаи на Ковид-19, што е повеќе од двојно зголемено во период од две недели – рече Клуге на прес-конференција.

– Со ова темпо, Институтот за здравствена статистика и евалуација предвидува дека повеќе од 50 отсто од населението во регионот ќе биде заразено со „омикрон“ во следните шест до осум недели – предупреди Клуге.

Тој посочи дека сојот „омикрон“ стана доминантен, и дека е неопходно да се искористат сите расположливи инструменти во борбата против ширењето.

Слични содржини