Во пукање во супермаркет во Флорида загинаа жена и дете

од Берта Китинска

Најмалку три лица загинаа при пукање во супермаркет во Флорида, во Соединетите Американски Држави (САД). Твитер профилот на шерифот во округот Палм Бич соопшти дека денес околу пладне се случи пукање во супермаркет „Publix“ во градот Ројал Палм Бич.

По пристигнувањето на местото на пукањето, полициските службеници пронашле тела на три лица, вклучително и една жена и дете.

Не беа објавени информации за мотивите на нападот, како и за идентитетот на напаѓачот, а покрената е истрага за случајот.

Слични содржини