222
На 28.04.2020 во 21.20 часот во село Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициска станица Радовиш го лишиле од слобода Б.И.(27) од с.Подареш, постапувајќи по претходна пријава дека истиот во 20.50 часот извршил кривично дело „семејно насилство“, по што пријавениот физички ги нападнал полициските службеници, соопшти полицијата.
Б.И. бил префрлен во Психијатриска болница Негорци – Гевгелија. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.