Најмалку 118 лица загинаа во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападниот дел на Кина во провинцијата Гансу и соседната провинција Кингхаи, а претседателот Си Џинпинг повика на дополнителни напори во операциите за пребарување и спасување, објавија денеска кинеските државни медиуми.
Земјотресот со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во понеделникот во 23:59 часот по локално време на длабочина од 10 километри во округот Џишишан во Гансу, на околу 100 километри југозападно од главниот град на провинцијата Ланжу, при што беа повредени најмалку 500 луѓе и оштетени околу 6.400 куќи во таа област и друга инфраструктура, соопштија денеска локалните кинески власти.
Утринава се потврдени 105 мртви и 397 повредени во провинцијата Гансу, од кои 16 се во критична состојба, изјави на прес-конференција портпаролот на локалната служба за итни случаи.