Во Русија ќе се казнува и за пребарување на интернет

Спорниот закон во трето читање беше усвоен вчера во Думата, односно парламентот на Русија. Наводно 60 пратеници гласале против него.

од desk2
9 прегледи

Русија сѐ повеќе го ограничува слободниот пристап на интернет, а медиумскиот регулатор Роскомнадзор неодамна блокираше пристап од руска територија до 56.000 страници што одбиле да отстранат содржини што официјална Москва ги смета за „екстремистички“.

Министерот за дигитален развој, Максут Шадајев го брани новиот контроверзен закон што го прави кривично дело пребарувањето за такви содржини. Сепак, вели тој, „обичните корисници“ нема да се соочат со проблеми.

Спорниот закон во трето читање беше усвоен вчера во Думата, односно парламентот на Русија. Наводно 60 пратеници гласале против него.

Законот предвидува казни за „намерно“ пребарување содржини на интернет, класификувани како „екстремистички“. Така се класификуваат и разни тела, како Фондацијата за борба против корупцијата за покојниот голем опозиционер Алексеј Навални.

Пред изгласувањето на законот, пред објектот на Државната дума имало протести, на кои полицијата апсела учесници.

Вјачеслав Володин, претседателот на парламентот на Русија, изрази готовност за измени на законот. Тој рече дека треба да се следи примената на законот за да се осигури дека невини луѓе нема да станат жртви, како и да не бидат гонети оние на коишто им се потребни сите информации за нивната работа.

Слични содржини