Во напади со руски беспилотни летала на пристаништето во Одеса ноќеска повредени се четворица работници во пристаништето, уништен е хангар со жито и магацини за друга стока, соопшти командата на јужното крило на украинската армија.
Во една од производствените простории избувнал пожар, кој подоцна бил изгаснат, пренесува „Интерфакс Украина“.
Во соопштението се наведува дека, според првичните информации, биле уништени три руски беспилотни летала.