Во руски напад со дронови врз Киев загина едно лице

од Stefanija Kuzmanovska
224 прегледи

Најмалку едно лице загина, а уште неколку се повредени синоќа во нов напад на руски дронови врз Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Едно лице почина, една постара жена е хоспитализирана, а на две жртви им е укажана помош на лице место“, наведе градоначалникот на Телеграм.

Кличко ги повика жителите на Киев да останат во засолништа.

Градските власти соопштија дека нападот бил извршен со помош на дронови, а во една од урнатите згради избувнал пожар.

Сирените за тревога вечерва се огласија во Киев, но и во централните и јужните делови на Украина.

Слични содржини