Во руски напад врз Дњепар оштетена термоцентрала, без вода дел од градот

од Stefanija Kuzmanovska
183 прегледи

Во нападот на руските сили со ракети и дронови во текот на ноќта врз градот Дњепар, во централна Украина, оштетена е термоцентралата, а дел од градот остана без вода, соопштија украинските власти.

Нападот на градот со нешто помалку од милион жители е извршен со проектил и четири групи дронови од повеќе правци, се наведува во објавата на Телеграм од Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.

Најголемиот приватен украински енергетски дистрибутер ДТЕК објави дека термоцентралата е значително оштетена и дека во нападот нема жртви, пренесува „Ројтерс“.

Слични содржини