Во САД извршена 13. и последна смртна казна за време на владеењето на Трамп

290 прегледи

Маж осуден за убиства на три жени е погубен денес во САД, само неколку дена пред инаугурацијата на новиот американски претседател eо Бајден, кој за разлика од Доналд Трамп се противи на смртната казна.

Дастин Хигс, кој беше осуден за убиства на три жени во Мериленд во 1996 година, е третиот човек погубен оваа недела во затвор во Индијана, а тоа е 13-та и воедно последна смртна казна извршена за време на администрацијата на Трамп.

Администрацијата на Трамп продолжи со егзекуциите минатата година по пауза од 17 години.

Бројот на смртни казни извршени под Трамп од минатата година е поголем отколку во претходните 56 години заедно. Сепак, новоизбраниот претседател Бајден објави дека ќе престане со егзекуциите.

Слични содржини