Во САД, комеморација за половина милион жртви на короната: Ќе присуствува и Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
299 прегледи

И покрај падот на бројот на новоинфицирани, наскоро ќе биде потврдена смрт на половина милион луѓе во Соединетите Држави од последиците на ковид 19, а американскиот претседател Џо Бајден се подготвува да го одбележи овој трагичен биланс на епидемијата на коронавирус во Америка.

Извештајот на „Ројтерс“ ги цитира и зборовите на д-р Ентони Фаучи, советник на Белата куќа за ковид 19, кој потврди дека епидемијата што трае речиси една година во САД сè уште не е завршена.

– Во последните 102 години, од пандемијата на шпански грип, не сме биле соочени со ваква ситуација – потсети д-р Фаучи.

Од Белата куќа пристигна потврда дека ќе биде организиран меморијална служба, на која што ќе зборува американскиот претседател Џо Бајден.

Слични содржини