Во СДСМ нема свежина и нови идеи, велат од партијата на Мицкоски за кандидатите за нов лидер

од Nikola Popovski
2,3K прегледи

ВМРО-ДПМНЕ ги критикува досегашните најави за кандидатури за иден лидер на СДСМ. Според партијата која наскоро ќе ја предводи владата, „Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат“.

Од партијата на Христијан Мицкоски сметаат дека „во СДСМ нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец“.

-Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново, децидни се од „Белата палата“.

Досега, неколкумина објавија дека планираат да влезат во трката за прв човек на СДСМ. Кандидатурите веќе ги потврдија првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски, пратеничката и екс-министерка за одбрана, Славјанка Петровска, како и поранешниот прв човек во здравството, Венко Филипче.

Освен нив, лидерски амбиции покажа и директорот на царина, Стефан Богоев, иако се уште најава дека ќе поднесе кандидатура.

Досегашниот лидер, Димитар Ковачевски не планира повторно да се кандидира. Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ ќе се одржат на 30-ти јуни.

Слични содржини