Во Шпанија уште 301 смртен случај од коронавирус, се планира олеснување на мерките

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Според официјалните бројки објавени во Шпанија, регистрирани се уште 301 смртни случаи од коронавирус, со вкупно 23.822 смртни случаи сега.


232.128 лица биле тестирани позитивно за коронавирус во таа земја, но се верува дека вистинскиот број е многу поголем бидејќи многумина немаат никакви симптоми или не биле тестирани.

Шпанската влада денеска ќе објави упатства за олеснување на ограничувањата во движењето по седум недели.

Властите ги повикуваат граѓаните да бидат одговорни и да го почитуваат социјалното растојание откако толпи се забележани на шеталиштата и плажите.

Сепак, сè уште се зборува за начини за заживување на економијата погодена од пандемичните мерки.

Официјалните статистики покажуваат дека стапката на невработеност во Шпанија се искачи на 14,4 проценти во првиот квартал на 2020 година, што е зголемување од 13,8 во последните три месеци од 2019 година.

Најмалку 285.600 луѓе ги загубија своите работни места во овој период, најлош резултат откако финансиската криза ја погоди Шпанија во 2013 година, според шпанскиот Национален институт за статистика.

Бројот на домаќинства во кои сите членови се невработени се зголеми за шест проценти на 60.700.

Слични содржини