Под слоганот „Денови на литературата“, сите книжарници „Литература.мк“ од 10 до 21 февруари ќе бидат места каде ќе можат да се купат книги од голем број македонски издавачки куќи на попусти до 70 отсто. Во овие литературни катчиња се слави пишаниот збор 365 дена во текот на годината, но со оваа голема акција секој љубител на книгите ќе може да најде голема селекција на изданија од различен жанр и за различна возраст по намалени цени.
Целиот каталог за акцијата може да се погледне на следниот линк. Дел од книгите за возрасни што ќе може да се најдат на попуст се: „Книга за телото“ на Камерон Дијаз, „Есктремно гласно и неверојатно блиску“ Џонатан Сафран Фоер, „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од македонскиот спортски новинар Зоран Михајлов, „Џулијан Асанж: Неавторизирана биографија“ од Џулијан Асанж, „Девојката што го спаси кралот на Шведска“ од Јонас Јонасон, „Јас сум Малала“ од Малала Јусафсај и многу други.
Во селекцијата се наоѓаат и голем број изданија што може да се купат по екстремно намалени цени до 150 денари, додека сите книги на англиски јазик достапни во „Литература.мк“ ќе може да се најдат на попуст од 15 отсто.
Со цел да се почне новата 2021 година во позитивна насока и со вистинските книги в рака, во сите книжарници ќе биде достапна богат избор што ќе ги задоволи сите вкусови.