Во Скопје 22 паднати дрвја поради обилните врнежи од снег

од Берта Китинска
388 прегледи

Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 се во населени места, а другите пет дрвја се во Градскиот парк, информира градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Тој на својот фејсбук профил напиша дека екипите на Градот Скопје и јавните претпријатија веднаш излегле на терен и ги расчистуваат паднатите гранки и дрвја, а се санираат и скршените гранки што висат од дрвјата и претставуваат опасност за минувачите.

– Апелираме до граѓаните да бидат внимателни и претпазливи при движењето покрај дрвја и дрворедите, а воедно ги замолуваме за трпение додека траат активностите за расчистување на штетите предизвикани од обилните врнежи на снег, пишува Шилегов на фејсбук.

Слични содржини