Во Скопје 28 возачи казнети за брзо возење

од Берта Китинска
203 прегледи

Сообраќајната полиција вчера продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот и само на територијата на град Скопје изрече вкупно 154 мерки.

-Од вкупниот број казни 28 се за непочитување на брзина на движење, 9 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за користење на мобилен телефон, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за некористење сигурносен појас и 51 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопштија од МВР.