Во Скопје казнети 17 возачи зашто зборувале на мобилен

од Марта Пешевска
160 прегледи

Девет сообраќајки се случиле во изминатото деноноќие на ниво на Град Скопје од кои пет со материјална штета, две со тешки, а две со полесни телесни повреди.

Вкупно 22 лица се казнети зашто возеле со поголeма брзина од дозволената, 17 зашто зборувале на мобилен додека возеле, а девет зашто не носеле сигурносен појас.

Исклучени од сообраќај се 18 возачи од кои 17 без возачка дозвола и еден возач почетник.

Казнети се и пешаци, 22 зашто не поминале улица на пешачки и седум зашто поминале на црвено..

Со „пајак“ се подигнати 44 возила, а исклучени се 15, сите зашто не биле регистрирани.