Во Скопје казнети 185 возачи, 48 за брзо возење

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во сообраќајот и на територија на Скопје казни 185 возачи, меѓу 48 санкции се за возење со брзина поголема од дозволената.

-Тринаесет мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се девет мерки за управување под дејство на алкохол, две мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини