250
Поради изведба на градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ со прв слој асфалтна маса, во општина Бутел, во Скопје, ЈП Улици и патишта Скопје информираат дека деновиве ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.
Времениот режим, појаснуваат, ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива утре од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока и во среда во истиот временски период на другата спротивна насока.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.