242
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59, 10 санкции за возење без возачка дозвола, 13 за возење под дејство на алкохол, пет санкции за нерегистрирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.