Во Скопје приведена жена која удри пешак и избега

од Vladimir Zorba
57 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера била лишена од слобода С.В.М. (42) која претходно истиот ден, околу 14 часот, на крстосницата од булевар „Кузман Јосифоски Питу“ и улица „Бојмија“, со својот автомобил „Цитроен“ удрила во пешакот А.М. (38) и потоа избегала од местото на настанот без да му укаже помош.

Како што соопштуваат од МВР, повредениот А.М. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди.

По наредба на јавен обвинител, С.В.М. е задржана во полициска станица и против неа ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Слични содржини