Утре (29.03.2026) во Скопје ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради одржување на атлетска трка на 10 километри, која започнува во 10:00 часот.
Трасата ќе се движи од Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот кај манастирот „Св. Пантелејмон“ и назад.
Поради ова, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван кон околните улици.
Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат упатствата и наредбите на полициските службеници на локациите каде што ќе се одвива настанот.