ВО СКОПСКАТА ЗООЛОШКА ГРАДИНА ЌЕ СЕ ПРАВИ АКВАРИУМ ПО ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Скопската зоолошка градина е гордоста на Скопје – една од најпозитивните скопски приказни во последните 4 години. Станува збор за најпосетената институција во државата, а во последните години омилено место на сите скопјани. Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција ги претстави новите инвестиции во скопската зоолошка градина во претстојниот период.

– Во следниот мандат планираме две големи инвестиции тука. Со цел пред сè за поголема благосостојба на животните, но и нови современи живеалишта по светски стандарди, во Зоо Скопје правиме савана-простор од околу 20 000 м2, каде што зебри, ноеви, антилопи и други африкански животни ќе живеат заедно, налик на саваните во Африка. Идејата е животните да имаат што поприроден и поголем простор за живеење, ограден од посетителите со водена бариера, изјави градоначалникот Шилегов.

– И втората инвестиција на која сум особено горд е скопскиот аквариум. Скопскиот аквариум ќе биде прв во државата, по теркот на аквариумите во големите европски метрополи. Аквариумот ќе биде на два ката-првиот кат со морски свет, а вториот кат со терариум и палудариум, додаде Шилегов.

– Скопје Аквариум пред сè ќе биде едукативен центар, каде што посетителите ќе може одблизу да се запознаат со морскиот свет, тропски видови и видови кои доаѓаат од дождовните шуми кои тематски ќе бидат поделени во неколку зони, а чии услови за живот ќе бидат најблиску до природните, потенцираше Шилегов.

– Последно и не помалку важно за едукацијата на децата е што во МКЦ целосно ќе го реконструираме планетариумот. Популарното место кое изградено уште во 70-тите ќе добие нов лик, најави Шилегов.

– Скопје станува регионална туристичка атракција со сите нови содржини кои ги воведуваме. Дино паркот привлечува туристи од регионот, Зоолошката градина е најпосетена институција во земјата и заедно со забавниот парк кој ќе биде најмодерен на Балканот Скопје ќе го развива туризмот, но и ќе овозможи ја скопјани забава и едукација до европски терк, нагласи Шилегов на крајот од денешната прес-конференција.

Слични содржини