Вчера во 16.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Т.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена дробилка со остатоци од марихуана, прашкаста материја и останати предмети.

Исто така вчера во 16.55 и 18.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.М.(20) и малолетник, двајцата од Скопје, затоа што кај малолетникот биле пронајдени предмети за кои постои основано сомневање дека се во врска со кривично дело.

На 10.11.2021 во 21.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(21) и Л.М.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај Л.М. била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

Слични содржини