Министерот за здравство Венко Филипче очекува во следните две недели да почнат со нормално функционирање сите клиники и болници.
Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека дел од клиниките веќе се вратени на работа, а дел се подготвуваат.
– Дел од клиниките се вратија во функција, дел сеуште ги подготвуваат капацитетите и во следните две недели ќе бидат во функција сите клиники и болници, рече Филипче.
За стоматолозите, рече дека има соодветен протокол и ори дел од нив се подготвени и може да почнат со работа.
Апелираше сите да ги почитуваат препораките за заштита особено носењето на заштитна маска и држењето на растојание.
– Носењето на маска е мерка која го спречува ширењето на вирусот, Со таа мерка ние постепено се враќаме во живот. Доколку не би ја имале оваа мерка, тогаш сигурно дел од рестриктивните мерки ќе продолжеа. Мерките ги носиме имајќи го предвид пакетот на препораки кои е веќе на сила. Без разлика каде сме, тоа се препораките кои треба да се почитуваат. Така ќе продолжи и во следните месеци. Ќе биде потешко во летните месеци, но така е секаде.Ако тоа не се почитува може да има зголемување на бројот на пациенти, рече Филипче.
Најави дека во следниот период е планирано да биде награден целиот медицински персонал кој во работеше со пациентите заболени од корона вирусот во изминатиот период.