Во Собранието ќе има „глува соба“ за доверливи разговори

од Nikola Popovski
46 прегледи

Собранието денес добива заштитена соба, односно т.н. глува соба, прва од ваков тип за заштита и за имплементирање на најстрогите меѓународни безбедносни сертификати во државата и во регионот. Настанот ќе го отворат и воведен збор ќе имаат претседателот на Собранието Африм Гаши и раководителот на ДЦАФ – Скопје Владо Ѓердовски. Најавени се и обраќања на поранешниот претседател на Собранието и пратеник Талат Џафери, на швајцарската амбасадорка Вероник Улман, на претседател на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, на директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и на директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.

Изградбата на Заштитената соба, како што посоочуваат од Собранието, е и барање на НАТО и ќе биде особено важна и непходна при отворање на поглавјата 23 и 24 во пристапните преговори со ЕУ за влез во Унијата. Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор врз безбедносните служби.

Просторијата се предвидува првенствено да биде за користење на Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и се разбира, со одобрување на Собранието.

Проектот за „глувата соба“ по НАТО стандарди за реализација на т. н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери несоодветни понуди. Последниот јавен повик беше успешен и заштитената соба почна со изградба, според информациите од ДЦАФ, во јули 2023 година.

Слични содржини