Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи шестата седница во чии рамки е и разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.

Досегашната расправа се карактеризира со реплики и контрареплики од пратениците на опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Пратениците од СДСМ одбија да учествуваат во расправата оценувајќи дека е бесмислена и укажаа дека е потребно Собарнието да се посвети на реформите.
Седнцат за разрешување на јавниот обвинител паузираше вчера, затоа што претседателот на Собранието Талат Џафери, имаше обврски по повод одбележувањето на годишнината од Охридскиот рамковен договор.