323
Во Србија до денес се регистрирани 10 потврдени случаи на мајмунски сипаници, соопшти денеска Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.
Според официјалната веб-страница на „Батут“, осум случаи се регистрирани на територијата на Белград, а два во Војводина.
Сите случаи се регистрирани кај мажи на возраст од 27 до 44 години.