Павле Зелиќ од Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија изјави дека сите вакцини против коронавирус се апсолутно безбедни, за што сведочи и фактот дека досега се регистрирани само 890 несакани ефекти, односно многу помалку од еден процент од дадените дози.
„Според вчерашниот извештај, имаме само 890 случаи на пријавени несакани реакции. На 3.715.103 дадени дози, тоа е една реакција на 4.174 вакцини, или 0.00023 отсто. Тоа навистина е исклучително ретко и нема сериозни несакани ефекти. Само пет пати било евидентирано нешто што би се сметало за посериозен случај, но и тие поминаа брзо и без трајни последици, рече Зелиќ за ТВ Пинк, а пренесува РТС.
Тој нагласува дека коронавирусот не се откажува и покажува дека е „многу отпорен и жилав“ на сите обиди да му се спротивставиме, освен кога станува збор за вакцините.