Во Србија и Италија ја одложија за една недела, кај нас започнува утре, вели Бислимовски за грејната сезона

од Nikola Popovski

Да не подигаме хистерија и да не се создава непотреба паника кај граѓаните. Многу пати беше повторено дека грејната сезона ќе започне на 15-ти октомври и грејната сезона ќе започне утре, изјави првиот регулатор Марко Бислимовски за парното во град Скопје.

Тој направи споредба со почетокот на грејната сезона во Белград, главниот град на Србија.

-Земјата која има складиште со природен гас и која што има пониска цена за природен гас од нас, грејната сезона се одложува за една недела. Истото е направено и во Италија. Да верувате на институциите, за да можеме во целата оваа ситуација да даваме вистински и проверени информации до граѓаните, одговори Бислимовски на новинарско прашање на денешната прес-конференција пред утрешниот почеток на грејната сезона.

Слични содржини