Претходната ноќ во Србија беше погубна за автомобили во три града, Белград,
Ниш и Нови Сад.
Имено, во Земун, дел од Белград повредено е едно лице при експлозија на автомобил „ауди“. Експлозијата се случила ноќта по 2 часот, а повредена е шпанска државјанка, Олац Билбао Гонзалес, поранешна мис на Марбела, родена 1998 година. Се чини дека мета на подметнатиот експлозив бил возачот на автомобилот, Стражиња Стојанович, кого го поврзуваат со криминалното подземје. Тој неодамна излегол од затвор.
Во Ниш пак изгорело „БМВ“, во сопственост на полицаец од нишка криминалистика, а оштетен е и „голф“ паркиран о близина.
Исто така, ноќеска изгоре и „Шкода рапид“ во Нови Сад, во сопственост на заменик началничка на интервентната единица на нишката полиција. Покрај неа оштетено е уште едно возило.