Во Србија пристигнаа уште 106.000 дози од вакцината Фајзер

од Nikola Popovski
352 прегледи

Српското Министерство за здравство соопштило денес дека редовната достава на вакцините „Фајзер-Бионтек“ пристигнала денес во земјата.

Според договорот, 106.470 дози вакцини од компанијата пристигнале на Белградскиот аеродром.

Вакцините биле доставени до Институтот Торлак.

Околу 14,1 милиони дози вакцини против ковид-19 од Фајзер се закажани за испорака во 47 земји во вториот квартал од оваа година, објави денеска алијансата за вакцини GAVI.

Според објавениот распоред, Бразил, Колумбија, Мексико, Филипини, Јужна Африка и Украина ќе добијат најмногу од овие вакцини од глобалната програма Ковакс.

Слични содржини