595
Во Србија, 1.499 здравствени работници се заразени со коронавирус, од кои 64 се во болница, изјави денеска министерот за здравство Златибор Лончар по состанокот со директорите на ковид болниците.
„Доколку граѓаните се грижат за докторите, променете го вашето однесување. Сопрете ги контактите затоа што тоа е единствениот начин да си помогнете себе си и нив“, рече Лончар.
Тој нагласи дека денес уште некои болници влегуваат во ковид системот.