Во Србија уапсен јатак на терористите од Куманово

од desk3
79 прегледи

На административниот премин Брњак, по распишана потерница на Интерол уапсен е Б.Б. од Куманово.

wpid-apsewe-kumaniovo.jpg-680x250
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денес изјави дека лицето е осомничено за учество во терористичките напади во Македонија од јануари до мај.

Од македонското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека лице, осомничено дека било дел од групата јатаци на терористите од Куманово е уапсено денес, но повеќе детали ќе соопштат во текот на денот.

Иницијалите одговараат на името на Бесник Бајрами од Отља кого полицијата го бараше пред 9 дена во неговиот дом во селото. Тогаш полицијата бараше уште двајца осомничени дека биле јатаци на групата осомничена за тероризам. Сите тројца беа во бегство.